Претседателот Ердоган напиша за американски „Вол Стрит Џурнал“: ЕУ и светот треба да ги поддржат напорите на Турција

Претседателот Ердоган истакна дека од 2011 година кога започна граѓанската војна во Сирија ниту една земја не ги почувствува јасно како Турција болките на хуманитарната криза којашто се доживува во оваа земја

1288196
Претседателот Ердоган напиша за американски „Вол Стрит Џурнал“: ЕУ и светот треба да ги поддржат напорите на Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напиша статија за американскиот весник „Вол Стрит Џурнал“ („Wall Street Journal (WSJ)“) во која направи проценка на операцијата Извор на мирот којашто се реализира против сепаратистичко-терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Во статијата под наслов „Додека другите не дејствуваат, Турција ги зајакнува своите чекори“, претседaтелот Ердоган истакна дека од 2011 година кога започна граѓанската војна во Сирија ниту една земја не ги почувствува јасно како Турција болките на хуманитарната криза која што се доживува во оваа земја.

Тој упати повик до сите земји да ги поддржат напорите на Турција по прашањето на Сирија.

Претседателот Ердоган напиша дека Турција прими 3,6 милиони сириски бегалци и дека за потребите од образование, здравство и сместување на бегалците се потрошени 40 милијарди долари.

Истакна дека Турција доби многу мала поддршка од меѓународната заедница и дека Таа како потреба на нејзината култура на гостопримливост го презеде товарот и угости/згрижи милиони лица загрозени и оштетени од војната.

Претседателот Ердоган во својата статија го напиша и следното: „Меѓутоа, во одредена точка Турција ја достигна границата на она кое што може да го направи. Низа пати ги доставивме нашите предупредувања во однос на тоа дека без меѓународна финансиска поддршка не би можеле да го сопреме заминувањето на бегалците на Запад. Државите кои сакаат да избегаат од своите одговорности, нашите предупредувања кои останаа без резултат ги прикажаа како закана, а не како изговарање на вистините. Откако дојдовме до заклучок дека меѓународната заедница не ги фрла потребните чекори пак, развивме план за северниот дел на Сирија.“

Ердоган нагласи дека со операцијата Извор на мирот се има за цел да се води борба против сепаратистичко-терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ и го подвлече следното: „Приговараме на тоа сириските Курди да се поистоветуваат со терористичката организација ПКК.“

Претседателот Ердоган покажа реакција и против ЕУ која се противи на операцијата во врска со што го истакна следното: „Овие земји кои толку се вознемирени од обидите на Турција за враќање на сириските бегалци во нивните домови, на колкумина загрозени луѓе од војната им ги отворија своите врати? Какви видови придонеси дадоа за да се стави крај на хуманитарната криза којашто се доживува во Сирија? Кои политички иницијативи ги поддржаа за да се стави крај на граѓанската војна?“ 

Ердоган исто така во својата статија го нагласи и тоа дека меѓународната заедница ја испушти можноста да спречи сириската криза да го вовлече целиот регион во вителот на нестабилност.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган својата статија за американскиот весник „Вол Стрит Џурнал“ („Wall Street Journal (WSJ)“) ја заврши со следните зборови: „Голем број земји ги искусија негативните ефекти на овој спор, како што се нерегуларната миграција и растечките терористички напади. Операцијата Извор на мирот уште еднаш му ја дава на меѓународната заедница можноста да и се даде поддршк на Турција за да се стави крај на прокси војните во Сирија и повторно да бидат воспоставени мирот и астабилноста во регионот. Европската унија (ЕУ) и светот треба да ги поддржат напорите на Турција.“

 



Слични вести