Претседателот Ердоган: Ќе биде доведена во безбедна зона подрачјето од Менбич до ирачката граница

Претседателот Ердоган истакна дека ќе биде доведена во безбедна зона подрачјето кое што од Менбич се протега до границата со Ирак

1288444
Претседателот Ердоган: Ќе биде доведена во безбедна зона подрачјето од Менбич до ирачката граница

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на 7. Самит на Советот за соработка на турскофонските земји (Турскиот совет) кој се одржува во главниот град на Азербејџан, Баку.

Ердоган во својот говор се осврна на операцијата Извор на мирот којашто ја започна Турција на 9 октомври против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Тој истакна дека ќе биде доведена во безбедна зона подрачјето кое што од Менбич се протега до границата со Ирак.

Нагласувајќи дека заклучно со утринава се ослободена од окупацијата на сепаратистичко-терористичката организација приближно 1.000 квадратни километри, Ердоган рече: „Ќе ја продолжиме нашата борба сè додека наново не зазеленее (процвета) северот на Сирија со изворите на мирот и сè додека не ги постигнеме нашите цели.“

Тој рече: „За блиско време ќе го доведеме во безбедна состојба попдрачјето од Менбич до нашата граница со Ирак и во прва фаза ќе обезбедиме по сопствен избор да се вратат во своите домови 1 милион сириски бегалци, а потоа уште 2 милиони.“

Претседателот Ердоган во својот говор се осврна и на проблемот со Нагорно Карабах кој се наоѓа под окупација на Ерменија во врска со што рече: „Ќе направиме се што е во наши раце за изнаоѓање решение во најскоро време за проблемот со Нагорно Карабах, со мирољубиви патишта и на основа на територијалниот интегритет на Азербејџан.“

Поставувајќи ги на дневен ред и препреките пред трговијата меѓу земјите на Турскиот совет, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде следното: „Квотите (со царините) за жал се едната од најголемите препреки пред нашата трговија. Како Туркси совет треба да ги укинеме квотите меѓу нас.“



Слични вести