Поддршка од Турскиот совет на операцијата на Турција „Извор на мирот“ во Сирија

Во завршната декларација којашто беше усвоена на крајот на 7. Самит на Турскиот совет се изразува поддршка на операцијата Извор на мирот којашто ја започна Турција, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија

1288493
Поддршка од Турскиот совет на операцијата на Турција „Извор на мирот“ во Сирија

Во завршната декларација на 7. Самит на Советот на за соработка на турскофонските земји (Турскиот совет) кој се одржа во главниот град на Азербејџан, Баку, е изразена поддршка на операцијата Извор на мирот којашто ја започна Турција на 9 октомври против терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

На самитот чиј домаќин беше азербејџанскиот претседател Илхам Алиев учествуваа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, основачкиот претседател на Казахстан Нурсултан Назарбаев, претседателот на Киргистан Соронбај Џенбеков и претседателот на Узбекистан Шевкет Мирзијојев.

Освен тоа на самитот присуствуваа и унгарскиот премиер Виктор Орбан чија земја е земја посматрач на Турскиот совет, како и вицепремиерот на Туркменистан Пурли Агамурадов на чија земја и покрај тоа што не е членка на Советот и се овозможува да учествува на собирите.

Во завршната декларација којашто беше усвоена на крајот на самитот и беше потпишана од страна на лидерите на земјите учеснички, во врска со операцијата Извор на мирот којашто се реализира од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија се вели следното: „Турскиот совет изразува надеж и верба дека операцијата на Турција Извор на мирот ќе придонесе во борбата против тероризмот, воспоставувањето на територијалниот интегритет на Сирија, ослободувањето на Сиријците од зулумот на терористите и за создавање услови за безбедно и доброволно враќање назад на раселените Сиријци во нивната татковина.“



Слични вести