Од почетокот на операцијата Извор на мирот загинаа четворица турски војници

Во операцијата Извор на мирот којашто продолжува од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) источно од реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија денеска загинаа (станаа шехиди) двајца турски војници, а 7 војници се ранети

1288600
Од почетокот на операцијата Извор на мирот загинаа четворица турски војници

Во рамките на операцијата Извор на мирот којашто е започната од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK), источно од реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија, а со цел да се уништи терористичкиот коридор за кој се водат обиди да се формира на јужната граница на Турција и да се донесе мир и спокојство во регионот, станаа шехиди (загинаа) уште двајца турски војници. 

Министерството за национална одбрана соопшти дека во реализиран напад од страна на терористите со хаубица од подрачјето на Менбич стана шехид еден војник, а 8 војници се ранети.

Ранетите војници беа префрлени на лекување во болница, но и покрај сите напори на лекарите еден војник им подлегна на раните и стана шехид. 

На тој начин бројот на загинатите (шехиди) турски војници од почетокот на операцијата којашто започна на 9 октомври досега се зголеми на четворица.

Од друга страна, во последните реализирани напади со хаубица од окупираното подрачје од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК од сириска страна на границата врз цивилите во населеното место Кизилтепе кај градот Мардин на турска страна од границата, животот го загубија двајца цивили, а 12 цивили беа ранети.



Слични вести