Мевлут Чавушоглу: Поради тоа што расипавме една голема игра некои земји се крајно вознемирени од тоа

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави во главниот град на Азербејџан, Баку, дека поради тоа што Турција со операцијата Извор на мирот расипа една голема игра некои земји се крајно вознемирени од тоа

1288432
Мевлут Чавушоглу: Поради тоа што расипавме една голема игра некои земји се крајно вознемирени од тоа

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера во главниот град на Азербејџан учествуваше на вечерата приредена од страна на Глобалниот совет на новинари.

Во говорот што го одржа на вечерата, Чавушоглу се осврна на операцијата Извор на мирот.

Мевлут Чавушоглу истакна дека земјите кои покажуваат најголема реакција против операцијата Извор на мирот којашто се реализира од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) источно од реката Еуфрат. во североисточниот дел на Сирија сакаат да ја поделат Сирија и да формираат терористичка држава и да ја дестабилизираат Турција.

„Големо мнозинство од нашите курдски браќа во Турција, Сирија и Ирак не ја прифаќаат идеологијата на терористичката организација, сакаат спокојство и мир. Не треба да ги држиме исто (како да се едно) терористичката организација ПКК и Курдите. Кога ќе погледнеме кон земјите кои го повишуваат најмногу својот глас овде гледаме дека сакаат да ја поделат Сирија и да формираат терористичка држава, да го спречат Иран и да ја дестабилизираат Турција. Тоа го велиме мошне отворено и јасно. Знаеме дека некои земји на чело со Франција сакаат овде да формираат терористичка држава. Поради тоа што ние расипавме една голема игра се крајно вознемирени. Меѓутоа, ние сме спокојни бидејќи водиме борба против една терористичка организација.“ - порача Чавушоглу.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во својот говор напомена дека додека се води борба против тероризмот се покажува голема претпазливост во однос на хуманитарни прашањата и додаде дека целиот свет ја виде хуманитарната чувствителност којашто ја покажа турската војска за време на реализација на операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче.



Слични вести