Фахреттин Алтун: Сириските Курди не се едно исто со терористичката организација ПКК

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Алтун нагласи дека погрешно е сириските Курди да се сметаат како да се едно исто, еднакви, со терористичката организација ПКК и дека Западните земји ги лажат своите граѓани по прашањето на Сирија

1288073
Фахреттин Алтун: Сириските Курди не се едно исто со терористичката организација ПКК

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „Категорички сме против погрешното оценување на сириските Курди како да се едно исто, еднакви, со терористичката организација ПКК.“

Алтун нагласи дека погрешно е сириските Курди да се сметаат како да се едно исто, еднакви, со терористичката организација ПКК и дека Западните земји ги лажат своите граѓани по прашањето на Сирија. 

„Категорички сме против погрешното оценување на сириските Курди како да се едно исто, еднакви, со терористичката организација ПКК. Терористите кои го окупираа североисточниот дел на Сирија кое подрачје претежно е населено со сунитски Арапи, ги проширија своите марксистичко-ленинистички идеологии на народот и ги протераа или убија сите оние кои се спротивставија на нивните мислења и правила.“ - напиша Алтун.

Велејќи дека Западните земји ги лажат своите граѓани по прашањето на Сирија, Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во објавата што ја сподели на социјалната мрежа Твитер ја изнесе следната констатација: „ПКК формира 'еднопартиска државичка' кадешто не им се дозволува на слободниот печат и опозиционерите да делуваат и каде е распространето измачувањето. Стотици илјади сириски Курди кои се плашат од тоа дека доколку се вратат назад во своите домови ќе бидат убиени од страна на ПКК, се уште живеат во Турција.“

 



Слични вести