Билатерални средби и разговори на претседателот Ердоган во Баку, Азербејџан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во Баку, Азербејџан, каде што отпатува по повод 7. Самит на Турскиот совет остварува и низа билатерални средби и разговори

1288204
Билатерални средби и разговори на претседателот Ердоган во Баку, Азербејџан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој по повод 7. Самит на Турскиот совет престојува во посета на главниот град на Азербејџан, Баку, овде остварува и низа билатерални средби и разговори.

Во тие рамки, претседателот Ердоган оствари средба со узбечкиот претседател Шевкет Мирзијојев.

Средбата се одржа во еден хотел во Баку, беше затворена за медиумите и траеше 1 час. 

На средбата присуствуваа и министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу, министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк и министерката за трговија Рухсар Пекџан.

Потоа претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со новиот претседател на Тунис Кајс Саид на кого му честита за постигнатиот успех на изборите и му посака успех за време на претседателскиот мандат.

Освен тоа, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Баку го прими и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Приемот беше затворен за медиумите и траеше половина час, а присуствуваа и минситерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за здравство Фахреттин Коџа, министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк и министерката за трговија Рухсар Пекџан.



Слични вести