Уништени камион и тунел на терористите на ПКК/ПЈД-ЈПГ во моментот на доставување на муниција

На снимката се гледа како терористите на ПКК/ПЈД-ЈПГ од еден камион внесуваат муниција и оружје во тунел, а се гледа и моментот кога турските воздушни сили со два истрели го погодуваат и уништуваат тоа терористичко упориште

1287918
Уништени камион и тунел на терористите на ПКК/ПЈД-ЈПГ во моментот на доставување на муниција

Во рамките на операцијата Извор на мирот којашто се реализира од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) против сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија; е уништен камион кој ги снабдувал со (им доставувал) муниција на терористите на ПКК/ПЈД-ЈПГ кои извршуваат напади врз цивилните населени места во близина на границата, на територијата на Турција.

Министерството за национална одбрана ги сподели снимките од моментот на уништување на камионот и тунелот на терористите.

На снимката се гледа како терористите од еден камион внесуваат муниција и оружје во тунел, а се гледа и моментот кога турските воздушни сили го погодуваат и уништуваат тоа терористичко упориште.

Во споделената објава на сметката на Министерството на социјалната мрежа Твитер се вели следното: „Терористите на ПКК/ПЈД-ЈПГ, убијци на бебиња, кои ги гранатираат со хаубици нашите цивилни населени места, се утврдени од страна на нашите беспилотни летала како доставуваат муниција за нови масакри и притоа се уништени од страна на нашите воздушни сили.“



Слични вести