Тел Абјад под контрола на ТВС

Бројот на терористите на ПКК/ПЈД/ЈПГ кои се неутрализирани во рамките на операцијата се зголеми на 550

1287339
Тел Абјад под контрола на ТВС

На 6-от ден успешно продолжува операцијата „Извор на мирот“ на Турските вооружени сили (ТВС) и Сириската национална армија против терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ (ИСИЛ) и уништување на терористичкиот коридор кој се обидува да се формира на јужната граница на Турција и воспоставување мир и спокојство.

Војниците на Сириската национална армија во рамките на операцијата, по жестоките судири со терористите на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, ја презедоа на целосната контрола над градот.

Тел Абјад беше вториот град по Расул Ајн кој во операцијата потпадна под контрола на ТВС:

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во јуни 2015 со поддршка на САД го окупираше Тел Абјад во сириските територии кој се наоѓа наспроти турското населено место Акчакале кај Урфа.

Од друга страна пак бројот на терористите на ПКК/ПЈД/ЈПГ кои се неутрализирани во рамките на операцијата се зголеми на 550.

Во објавата преку профилот на Министерството за национална одбрана беше споделено следното соопштение:

„Операцијата „Извор на мирот“ успешно продолжува според планот источно од ЕУфрат и вкупниот број на терористите на ПКК/ПЈД-ЈПГ кои беа неутрализирани се зголеми на 550.“



Слични вести