Средба на претседателот Ердоган со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во Баку

Претседателот Ердоган во Баку кадешто отпатува по повод 7. Самит на Турскиот совет најпрвин се состана со својот колега азербејџанскиот претседател Илхам Алиев

1287941
Средба на претседателот Ердоган со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во Баку

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги започна своите средби и разговори во главниот град на Азербејџан, Баку, каде што отпатува по повод 7. Самит на Турскиот совет.

Ердоган овде најпрвин се состана со својот азербејџански колега Илхам Алиев.

Средбата во претседателската палата Загулба која беше затворена за медиумите траеше 1 час и 10 минути.

Претседателот Ердоган во рамките на својата посета на Баку учествуваше и на состанокот на Турско-азербејџанскиот бизнис форум, а утре ќе оствари билатерални средби со лидерите на земјите членки на Турскиот совет (Турскиот кенеш, Türk Keneşi).

На 7. Самит на Турскиот совет чиј домаќин е главниот град на Азербејџан, Баку, Узбекистан ќе стане полноправен член на Советот.

Во Баку ќе бидат усвоени и комплементарните документи за канцеларијата на европското претставништво на Турскиот совет којашто неодамна беше отворена во Будимпешта, главниот град на Унгарија, како земја која на Самитот што се одржа минатата година се приклучи кон Советот како земја посматрач.

Освен тоа, на Елбаши Нурсултан Назарбаев, поранешниот основачки  претседател на Казахстан „Белобрадиот“ („Аксакали“) на Турскиот свет, ќе му биде доделена титулата почесен претседател на Турскиот совет за чие формирање има големи заслуги.

На Самитот во Баку се очекува да биде донесена и одлуката во врска со формирање на Координациониот комитте на Турскиот совет со којшто ќе биде зајакната комукикацијата меѓу Парламентарната асамблеја на туркофонските земји (ТУРКПА), Меѓународната организација за турска култура (ТУРКСОЈ), Турската академија, Фондацијата за турска култура и наследство и Турската индустриска и трговска комора, како организации кои преземаат значајни задачи во различни сфери.

 



Слични вести