Сочувство од Турција до Кенија поради терористичкиот напад во кој загинаа 10 полицајци

МНР на Турција објави соопштение во кое се изразува сочувство до кенискиот народ и владата на оваа земја поради завчерашниот терористички напад во кој загинаа 10 полицајци

1287296
Сочувство од Турција до Кенија поради терористичкиот напад во кој загинаа 10 полицајци

Турција го изрази своето сочувство до владата  и народот на Кенија поради завчерашниот терористички напад во кој загинаа голем број полицајци.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се вели следното: „Со големо жалење е дознаено за големиот број загинати полицајци во реализираниот терористички напад врз полициско возило кое патролирало во провинцијата Гариса во Кенија. Го изразуваме нашето сочувство до семејствата на загинатите во овој напад и до пријателскиот кениски народ и кениската влада.“

Инаку, во реализираниот напад со експлозив од рачна изработка врз полициско возило кое патролирало на кениско-сомалиската граница загинаа 10 полицајци. 



Слични вести