Реакција од Турција до Брисел: Ќе ја преразгледаме нашата соработка со ЕУ во некои сфери

МНР на Турција објави соопштение во кое се вели следното: „Целосно ги отфрламе и осудуваме одлуките на Советот за надворешни прашања на Европската унија (ЕУ) во врска со Сирија и Источниот Медитеран и повиците кои што гиупатува до нашата земја“

1287987
Реакција од Турција до Брисел: Ќе ја преразгледаме нашата соработка со ЕУ во некои сфери

Турција соопшти дека ќе ја преразгледа својата соработка со Европската унија (ЕУ) во некои сфери.

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение во кое се вели следното: „Целосно ги отфрламе и осудуваме одлуките на Советот за надворешни прашања на Европската унија (ЕУ) во врска со Сирија и Источниот Медитеран и повиците кои што ги упатува до нашата земја.“

Во соопштението се подвлекува дека Европската унија (ЕУ) нема право да и одржува лекција на Турција по прашањето на борбата против ДЕАШ, а воедно се додава следното: „Поради незаконскиот и пристрасен став сериозно ќе ја преразгледаме нашата соработка со Европската унија (ЕУ во некои сфери.“

Освен тоа во соопштението на турското Министерство за надворшени работи се подвлекува и следното: „Го сметаме за неприфатливо тоа што Европската унија (ЕУ) нашите активности за истражување и дупчење (сондажа) во Источниот Медитеран ги карактеризира како илегални.“



Слични вести