Претседателот Ердоган порача од Баку, Азербејџан: „Еднаш подигнатото знаме не се спушта на земја“

Претседателот Ердоган истакна дека Турција е одлучна да ја води до крај операцијата Извор на мирот и рече: „Еднаш подигнатото знаме никогаш не се спушта на земја“

1287994
Претседателот Ердоган порача од Баку, Азербејџан: „Еднаш подигнатото знаме не се спушта на земја“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во главниот град на Азербејџан, Баку, кадешто престојува по повод 7. Самит на Турскиот совет учествуваше на состанокот на Светскиот турски бизнис форум .

Во своето обраќање овде претседателот Ердоган рече: „Во текот на нашата историја на приближно 40 годишната борба против тероризмот доживеавме голем број настани. Бевме сведоци на разни огри (интриги) на нашите сојузници и на земјите кои ги сметавме за пријатели.“

Нагласувајќи дека Турција е одлучна да ја води до крај операцијата Извор на мирот, Ердоган рече: „Еднаш подигнатото знаме никогаш не се спушта на земја.“

Тој истакна дека Турција е една од земјите кои најдобро ја знаат болката на тероризмот и напомена дека Турицја не беше подложена на двоен стандард, недоследност по прашањето на борбата против тероризмот колку за време на кризата во Сирија.

Потсетувајќи дека под изговор за водење борба против ДЕАШ една ѕвзерска треористичка организација (ЈПГ/ПКК) беше наоружана со 30 илјади шлепери натоварени со оружје и дека тоа беше доживеано пред очите на светот, претседателот Ердоган појасни дека Турција пак, беше подложена на секој вид закани од ембарго до санкција.

Ердоган нагласи дека со операцијата Извор на мирот се посакува да се исчисти северниот дел на Сирија од терористичките организации ПЈД/ЈПГ како сириско крило на ПКК  и ДЕАШ и да им се предаде на нивните вистински сопственици.

Тој подвлече дека Турција и речиси сите земји членки на Европската унија (ЕУ)  се членки на НАТО и рече: „Добро од кога терористичките организации се дојдени во состојба да се одбрануваат против една членка на НАТО. Или пак, овие терористички организации ги примивте во членство, а јас не знам за тоа? Како би можела да се образложи оваа дволичност.“

Користејќи ги изразите „И покрај терористичките организации и оските на злото коишто ги држат нивните узди во своите раце, никако не ја прекинавме нашата волја за уништување на тероризмот во неговиот извор“, Ердоган во врска со одлуките кои пак Европската унија (ЕУ) ги донесе кон Турција го рече следното: „Нашите арапски браќа од Сирија избегаа од барел бомбите. Моментално нив ги гледаме ние, ние тоа го правиме како наша должност како браќа. Добро, зарем дадовте еден круш поддршка за тоа? Зарем ја подадовте вашата рака? Не. Сега сте се кренале, донесувате некои си одлуки во врска со Турција . Што би било да би донеле и да не би донеле?“

Во врска со манипулациите кои што се вршат во врска со операцијата Извор на мирот пак, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „На оние кои велат дека операцијата Извор на мирот цели против Курдите, дека ќе ја ослабе борбата против ДЕАШ, дека ќе ја промени демографската структура и дека ќе го блокира политичкото решение, им го велам следното: Сите ваши тврдења се лажни, клевета и оцрнување, нашата работа е со терористите.“

Истакнувајќи дека Турција со операцијата Извор на мирот фрли значаен чекор во најмала рака колку операцијата Мировната операција на Кипар во 1974 година, претседателот Ердоган својот говор го заврши со следните зборови: „Одлучни сме нашата операција да ја водиме до крај. Ќе ја завршиме работата којашто ја започнавме. Еднаш подигнатото знаме не се спушта на земја.“

Ердоган воедно истакна дека од страна на Сирија се истрелани врз Турција повеќе од 700 гранати од хаубици и рече: „Имаме 18 загинати (шехиди) и приближно 200 ранети.“

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пред состанокот се состана со својот колега азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Средбата беше затворена за медиумите.



Слични вести