Претседателот Ердоган отпатува во посета на главниот град на Азербејџан, Баку

Претседателот Ердоган пред да отпатува за Баку во Државниот дом на аеродромот Ататурк во Истанбул одржа состанок за претставниците на печатот

1287698
Претседателот Ердоган отпатува во посета на главниот град на Азербејџан, Баку

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган отпатува за главниот град на Азербејџан, Баку, каде што ќе учествува на 7. Самит на Советот за соработка на турксофонските земји (Турскиот совет т.ј. Турскиот кенеш или Türk Keneşi).

Претседателот Ердоган за Баку замина во 11:20 часот според турско време со авионот „TC-TUR“.

Пред да отпатува за Азербејџан, претседателот Ердоган во Државниот дом на аеродромот Ататурк во Истанбул одржа состанок за претставниците на печатот. 

Претседателот Ердоган за Баку беше испратен од страна на потпретседателот Фуат Октај, претседателот на Комисијата за планирање и буџет на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и пратеник на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) од градот Мерсин Лутфи Елван, потпретседателот на владејачката АК Партија Џевдет Јилмаз, потоа пратеникот на АК Партијата од Анкара Јалчин Акдоган, пратеникот на АК Партијата од Истанбул Ахмет Хамди Чамли, валијата на Истанбул Али Јерликаја, претседателот на градскиот огранок на АК Партијата на Истанбул Бајрам Шеноџак и други функционери. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за главниот град на Азербејџан, Баку, каде што ќе учествува на 7. Самит на Советот за соработка на турксофонските земји (Турскиот совет т.ј. Турскиот кенеш или Türk Keneşi), замина заедно со својата сопруга Емине Ердоган, министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк, министерот за здравство Фахреттин Коџа, министерката за трговија Рухсар Пекџан, шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун и портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин.



Слични вести