Портпаролот на Кремљ Песков: Ги продолжуваме контактите со Турција во врска со операцијата Извор на мирот

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека продолжуваат контактите помеѓу неговата земја и Турција во врска со операцијата Извор на мирот

1287989
Портпаролот на Кремљ Песков: Ги продолжуваме контактите со Турција во врска со операцијата Извор на мирот

Портпаролот на Кремљ (претседателскиот дворец на Русија) Дмитриј Песков одговараше на прашањата на новинарите во врска со операцијата Извор на мирот којашто е започната од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) со цел да се уништи терористичкиот коридор за кој се водат обиди да се формира на јужната граница на Турција и да се донесе мир и спокојство во регионот.

Песков истакна дека продолжуваат контактите помеѓу неговата земја и Турција во врска со операцијата Извор на мирот.

Велејќи дека во врска со операцијата постои контакт на различно ниво помеѓу Русија и Турција, Дмитриј Песков потсети на остварениот телефонски разговор помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пред операцијата, а воедно напомена дека постои контакт и помеѓу министрите за надворешни работи на двете земји.

Песков правејќи проценка во врска со позицијата на Русија за актуелната состојба во Сирија и движењето на воените единици на управата на Дамаск кон подрачјето кадешто Турската армија реализира операција, рече: „Ги видовте изјавите во врска со тоа дека постојат извесни контакти и одредени договори. Не би можел да додадам нешто повеќе на тоа. Не постои нешто ново во врска со приодите на Русија.“ 

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков не одговори на прашањето дали во руската воена база во Сирија беа водени преговори помеѓу терористичката организација ЈПГ/ПКК и Асадовиот режим.



Слични вести