Министерот за правда Абдулхамит Ѓул: Безбедноста на Европа, поминува од безбедноста на Турција

Министерот за правда Абдулхамит Ѓул истакна дека операцијата Извор на мирот е насочена против сепаратистичко-терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ и напомена дека безбедноста на Европа поминува од безбедноста на Турција

1287975
Министерот за правда Абдулхамит Ѓул: Безбедноста на Европа, поминува од безбедноста на Турција

Министерот за правда Абдулхамит Ѓул во францускиот град Стразбур кадешто отпатува во рамките на состанокот на министрите за правда на Советот на Европа даде значајни изјави во врска со операцијата Извор на мирот која што ја реализира Турција против терористичките организации источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Абдулхамит Ѓул истакна дека операцијата Извор на мирот е насочена против сепаратистичко-терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ и напомена дека безбедноста на Европа поминува од безбедноста на Турција.

Нагласувајќи дека операцијата никако не се реализира против одредена етничка средина, секташки или верски групи, туку целосно против терористите, Ѓул рече: „Го искористуваме нашето право кое што произлегува од меѓународното право. Војна се води помеѓу две суверени земји. Оваа операција којашто ја реализираме ние е операција против тероризмот.“

Абдулхамит Ѓул напомена дека 3,6 милиони Сиријци кои избегаа од граѓанската војна во нивната земја се угостени (згрижени) во Турција и го рече следното: „Ова е операција којашто се реализира сите да се вратат безбедно во своите земји. Операцијата ќе се резултира со успех. Оваа операција е легитимна самоодбрана на Турција. Тоа претставува право. Оттука апелираме и до сите наши европски пријатели. Безбедноста на Европа, поминува од безбедноста на Турција.“

Потцртувајќи дека земја која води најсериозна борба против терористичката организација ДЕАШ е Турција, министерот за правда Абдулхамит Ѓул додаде: „Турција води борба против сите терористички организации. Ќе го доведеме подрачјето во безбедна состојба. Водиме борба за тоа. Ќе ја продолжи нашата борба и против ПКК/ЈПГ и Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).

 



Слични вести