Претседателот Ердоган утре ќе замине во посета на Баку, Азербејџан, за 7. Самит на Турскиот совет

Претседателот во Баку, Азербејџан, што ќе учествува на 7. Самит на Турскиот совет каде што ќе оствари и низа билатерални средби и разговори со лидерите на земјите учеснички на овој значаен собир на турскиот свет

1287192
Претседателот Ердоган утре ќе замине во посета на Баку, Азербејџан, за 7. Самит на Турскиот совет

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утре ќе отпатува во посета на главниот град на Азербејџан, Баку, каде што ќе учествува на 7. Самит на Турскиот совет (Турскиот кенеш-Türk Keneşi).

Самитот кој се совпаѓа со одбележувањето на 10 годишнината од Договорот од Нахчиван потпишан на 3 октомври 2009 година од страна на Турција, Азербејџан, Казахстан и Киргистан, со цел формирање на Турскиот совет, има посебно значење, а поради тоа што ќе стане сцена на приемот во полноправно членство и на Узбекистан. 

Во Баку ќе бидат усвоени и комплементарните документи за канцеларијата на европското претставништво на Турскиот совет којашто неодамна беше отворена во Будимпешта, главниот град на Унгарија, како земја која на Самитот што се одржа минатата година се приклучи кон Советот како земја посматрач.

Освен тоа, на Самитот на Турскиот совет на Елбаши Нурсултан Назарбаев, поранешниот основачки  претседател на Казахстан „Белобрадиот (Аксакали) на Турскиот свет, ќе му биде доделена титулата почесен претседател на Турскиот совет за чие формирање има големи заслуги.

На Самитот утре во Баку се очекува да биде донесена и одлуката во врска со формирање на Координациониот комитте на Турскиот совет со којшто ќе биде зајакната комукикацијата меѓу Парламентарната асамблеја на туркофонските земји (ТУРКПА), Меѓународната организација за турска култура (ТУРКСОЈ), Турската академија, Фондацијата за турска култура и наследство и Турската индустриска и трговска комора, како организации кои преземаат значајни задачи во различни сфери

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на утрешниот Самит на Турскиот совет во Баку се планира да оствари и низа билатерални средби и разговори со лидерите на земјите учеснички на овој значаен собир за турскиот свет.

Претседателот Ердоган на 15 октомври, во вторник, ќе се врати во Турција.



Слични вести