Претседателот Ердоган разговараше со семејството на убиеното деветмесечно бебе Мухаммед во нападите на терористите врз Акчакале

Претседателот Ердоган разговараше телефонски со семејството на убиеното деветмесечно бебе Мухаммед во реализираните напади на терористите на ЈПГ/ПКК од сириска страна на границата врз населеното место Акчакале кај градот Шанлиурфа

1287124
Претседателот Ердоган разговараше со семејството на убиеното деветмесечно бебе Мухаммед во нападите на терористите врз Акчакале

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган разговараше телефонски со семејството на деветмесечното бебе Мухаммед Омар кое го загуби животот во реализираните напади со хаубици и минофрлачи од страна на терористите, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК врз населеното место Акчакале, кај градот Шанлиурфа.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу по остварената посета на населеното место Акчакале, во губернијата на Шанлиурфа се состана со семејството на деветмесечното бебе Мухаммед кое го загуби животот во нападите на терористите на ЈПГ/ПКК од сириска страна на границата, врз Акчакале.

Министерот Сојлу го изрази своето сочувство до семејството, по што го побара по телефон претседателот Ердоган кој пак, во оваа прилика разговараше и со семејството убиеното деветмесечно бебе.

Претседателот Ердоган му посака трение на семејството, таткото Мухаммед Хани и неговата сопруга Фатина.

„Не ја оставаме и нема да ја оставиме на земја крвта на нашето чедо (нема да дозволиме неговата крв да биде пролеана залудно). Тажни сме, многу ни е жал.“ - рече претседателот Ердоган во телефонскиот разговор со на семејството на убиеното деветмесечно бебе Мухаммед.

Семејството исто така му се заблагодари на претседателот Ердоган и рече: „Аллах нека те чува.“ 

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека деветмесечното бебе Мухаммед Омар е првата жртва (шехид) на операцијата Извор на мирот.



Слични вести