Претседателот Ердоган го информира британскиот премиер Борис Џонсон за целите на операцијата Извор на мирот

Претседателот Ердоган го информира британскиот премиер Џонсон дека операцијата Извор на мирот ќе продолжи се додека не биде целосно елиминирана терористичката закана од ПКК/ЈПГ и ДЕАШ во северниот дел на Сирија

1286963
Претседателот Ердоган го информира британскиот премиер Борис Џонсон за целите на операцијата Извор на мирот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со британскиот премиер Борис Џонсон. 

Во разговорот, претседателот Ердоган го информираше Џонсон за целите на операцијата Извор на мирот којашто ја започна Турција на 9 октомври источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија. 

Ердоган истакна дека операцијата ќе продолжи се додека не биде целосно елиминирана заканата од сепаратистичко-терористичките организации ПКК/ЈПГ и ДЕАШ, во северниот дел на Сирија. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во телефонскиот разговор со британскиот премиер Борис Џонсон напомена дека на тој начин ќе може да се обезбеди доброволно и безбедно враќање назад и на Сиријците кои беа приморани да ги напуштат своите територии.

Британскиот премиер Борис Џонсон пак, во телефонскиот разговор подвлече дека Турција е значаен партнер на Велика Британија и НАТО.

Џонсон укажа и на улогата на Турција која води борба во првите редици против ДЕАШ, како и на нејзината дарежливост по прашањето на поддршката на бегалците кои избегаа поради граѓанската војна во Сирија.



Слични вести