Операција Извор на мирот: Досега 24 терористи на ЈПГ/ПКК се предадоа, а 480 се неутрализирани

Во операцијата Извор на мирот досега се ослободени и исчистени од терористите на ЈПГ/ПКК 56 села во околината на населените места Тел Абјад и Расулајн, се неутрализирани 480 терористи, а 24 терористи се предадоа

1287160
Операција Извор на мирот: Досега 24 терористи на ЈПГ/ПКК се предадоа, а 480 се неутрализирани

Ви операцијата Извор на мирот којашто ја започна Турција на 9 октомври, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија досега се исчистени и ослободени од сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК 56 села во околината на населените места Тел Абјад и Расулајн. 

Воспоставена е контролата и во населеното место Расулајн, а како последно и во западниот дел на центарот т.ј. населениот дел на населеното место Тел Абјад.

Додека продолжува успешно според планираното операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, терористите кои гледаат дека немаат што да прават и друго чаре почнаа да го оставаат оружјето и да бегаат.

Од 9 октомври кога започна операцијата досега им се предадоа на безбедносните сили 24 терористи, а се неутрализирани 480 треористи на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Додека продолжува напредувањето на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) во подрачјето на операцијата некои од терористите веќе почнаа спасот да го бараат во бегство.

Челниците на терористичката организација кои по порастот на случаите на бегство и разврска во редовите на организацијата останаа без чаре, како што се истакнува за спречување на тоа почнале да применуваат различни методи вклучувајќи ги и егзекуциите внатре во организацијата.  

Во меѓувреме, во рамките на операцијата Извор на мирот  продолжува да се испраќа и дополнителна воена опрема за зајакнување на воените единици на границата и во подрачјето на операцијата.

Во градот Килис во непосредна близина на границата со Сирија пристигна нов конвој составен од воени возила испратени од единиците од различни области на Турција .

Конвојот во кој се наоѓаа и шлепери натоварени со муниција од Килис тргна во правец на градот Газиантеп.

Од друга страна, во конвојот се наоѓаа и автобуси кои превезуваа војници на Сириската национална армија (СНА).



Слични вести