Ѓулнур Ајбет: Турција со операцијата Извор на мирот во Сирија го користи своето право на самоодбрана

Главната советничка на претседателот Ердоган, Ѓулнур Ајбет, изјави за британската телевизија „Канал 4“ дека Турција со операцијата Извор на мирот во Сирија против сепаратистичко-терорустичката организиција ЈПГ/ПКК го користи своето право на самоодбрана

1287097
Ѓулнур Ајбет: Турција со операцијата Извор на мирот во Сирија го користи своето право на самоодбрана

Главната советничка на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ѓулнур Ајбет, даде изјава за британската телевизија „Канал 4“ во врска со операцијата Извор на мирот којашто ја реализира Турција, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Ѓулнур Ајбет истакна дека Турција со операцијата Извор на мирот против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, го користи своето право на самоодбрана.

Ајбет нагласи дека операцијата Извор на мирот претставува право на самоодбрана на Турција кое што произлегува од членот број 51 од Повелбата на Обединетите нации (ОН).

Во својот говор Ајбет покажа остра реакција и против арогантните и дрски изрази на водителот на програмата, во врска со што рече: „Земја која претрпе најголема штета од тероризмот на ДЕАШ сме ние. Меѓу земјите на коалицијата која најмногу ја исчисти ДЕАШ во северниот дел на Ирак сама, сме ние. Ние во северниот дел на Сирија исчистивме од ДЕАШ површина од 2 илјади квадратни метри. Малку да имате почит кон луѓето кои загинаа во Турција поради тероризмот на ДЕАШ."

Велејќи дека со започната операција се настојува да се воспостави националната безбедност, Ѓулнур Ајбет напомена дека операцијата Извор на мирот има две цели и продолжи со следните зборови: " Имаме две цели. Првата е да формираме безбедна зона. Да го исчистиме овој дел од тероризмот. Тоа ги опфаќа заедно ЈПГ/ПКК и ДЕАШ. Како второ ние сме домаќини на 4 милиони сириски бегалци. Сакаме бегалците да ги сместиме во безбедната зона."

Ајбет истакна дека воената бирократија на Соединетите Американски Држави (САД) не ги раскина своите врски со ЈПГ/ПКК и рече: "Со една терористичка организација не може да се води борба со наоружување на една друга терористичка организација. Беше неизбежно да биде неуспешна оваа политика којашто започна со претходната управа на САД."

Главната советничка на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ѓулнур Ајбет, говореше и за ставот и изјавите на европските земји насочени кон Турција, во врска со што појасни дека се изоставување од вид вредноста којашто им ја придава Турција на Курдите во Сирија и подвлече дека Европејците гајат симпатија кон терористичката организација.



Слични вести