Во нападите на терористите на ЈПГ/ПКК кај Шанлиурфа и Мардин загинаа 11 цивили, а 37 се ранети

Во нападите на терористите на ЈПГ/ПКК со хаубици и минофрлачи од подрачјето на Сирија кое го држат под окупација врз цивилите во турските населени места во близина на границата во населените места кај Шанлиурфа и Мардин загинаа 11 цивили, а 37 се ранети

1286753
Во нападите на терористите на ЈПГ/ПКК кај Шанлиурфа и Мардин загинаа 11 цивили, а 37 се ранети

Терористичката организација ЈПГ/ПКК која со операцијата Извор на мирот којашто ја започнаа Турските вооружени сили (ТВС или TSK) е приклештена во ќош, од подрачјето во Сирија кое го држи под окупација извршува напади со хаубици и минофрлачи врз цивилното население во населените места на градовите Шанлиурфа и Мардин во непосредна близина на сириската граница.

Во овие напади на терористите врз населените места кај градовите Шанлиурфа и Мардин загинаа 11 цивили, а 37 лица се ранети.

Во напад со хаубица врз населеното место Нусајбин кај градот Мардин, загинаа 8 цивили, а 35 мина се ранети.

Меѓу загинатите во нападот врз Нусајбин се наоѓа и татко на една наша колешка вработена во телевизискиот канал ТРТ Курди (канал на курдски јазик) на Турската радио и телевизија ТРТ, Ѓулај Демир, Мехмет Шахин Демир.

Турската радио и телевизија ТРТ објави соопштение со сочувство за загинатиот татко на Ѓулај Демир.

Ранетите цивили во нападот се префрлени во државната болница во Нусајбин.

Терористите на ЈПГ/ПКК извршија напад со хаубица и врз маалото Чајкара во населеното место Суруч кај градот Шанлиурфа.

Во овој напад загина кметот (мухтар) на Маалото Чајкара Халил Јагмур и уште еден цивил.

Ранетите 3 лица се префрлени во болница, меѓутоа и покрја сите напори на лекарите еден од нив им подлегна на раните и го загуби животот.

На тој начин бројот на загинатите цивили во нападот на терористите на ЈПГ/ПКК со хаубици врз населеното место Суруч кај градот Шанлиурфа се зголеми на 3 лица.

Лекувањето на двајца ранети граѓани продолжува.



Слични вести