Операција Извор на мирот, во Сирија: Бројот на неутрализираните терористи досега изнесува 415

Министерството за национална одбрана соопшти дека бројот на вкупно неурализираните терористи на ПКК/ПЈД-ЈПГ досега во операцијата Извор на мирот којашто продолжува успешно, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија се зголеми на 415

1286720
Операција Извор на мирот, во Сирија: Бројот на неутрализираните терористи досега изнесува 415

Успешно продолжува операцијата Извор на мирот која што ја започнаа Турските вооружени сили (ТВС или TSK) на 9 октомври против терористичките организации ПКК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, источно од реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија.

Бројот на вкупно неурализираните терористи, припадници на ПКК/ПЈД-ЈПГ досега во рамките на операцијата се зголеми на 415.

Во објавата споделена од сметката на Министерството за национална одбрана преку социјалната мрежа Твитер е соопштено дека бројот на вкупно неурализираните терористи, припадници на ПКК/ПЈД-ЈПГ во рамките на операцијата изнесува 415.

Од друга страна, Министерството за национална одбрана соопшти дека се невистинити тврдењата околу тоа дека бил отворен оган врз набљудувачи пункт на САД во источниот дел на реката Еуфрат.

Еден функционер на американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон), истакна дека дошло до експлозија во близина на еден набљудувачки пункт на американските војници блиску населеното место Ајн ел-Араб (Кобани) во северниот дел на Сирија, меѓутоа дека засега не можеле да утврдат од чија страна е реализирана оваа експлозија.

Еден функционер на Пентагон кој сакал да остане анонимен во дадена изјава за новинарите во врска со тврдењата за напад во областа рече: „Свесни сме дека се случи една експлозија во близина на еден набљудувачки пункт, а не во воената база во близина на Кобани.“

Истиот функционер велејќи дека продолжуваат да собираат податоци во врска со деталите на експлозијата и го рече следното: „Во нападот не е причинета штета кај американските војници. Засега не знаеме од чија страна е реализиран нападот.“

Функционерот ја изнесе и следната констатација: „Не веруваме дека е свесно извршен напад врз американските војници.“

 

 



Слични вести