Операција Извор на Мирот: Ослободен населениот дел на градчето Расулајн, источно од Еуфрат

Во рамките на операцијата Извор на мирот којашто продолжува источно од реката Еуфрат, во Сирија, Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и Сириската национална армија (СНА) ја воспоставија контролата во населениот дел на градчето Расулајн

1286859
Операција Извор на Мирот: Ослободен населениот дел на градчето Расулајн, источно од Еуфрат

Министерството за национална одбрана соопшти дека со успешно реализираните операции коишто во рамките на операцијата Извор на мирот продолжуваат во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија е воспоставена контролата во населениот дел на градчето Расулајн.

Турските вооружени сили (ТВС или TSK) од 9 октомври со жестоко бомбардирање со хаубици и воени авиони Ф-16 ги уништија терористичките цели во Расулајн.

Потоа турските командоски заедно со војниците на Сириската национална армија (СНА) чекор по чекор почнаа да напредуваат од копно.

Најпрвин беа исчистени од терористите и ослободени 14 села кои што се наоѓаат помеѓу населените места Тел Абјад и Расулајн, две најголеми населени места во подрачјето, и со тоа беше прекината врската помеѓу терористите.

Синоќа во околината на градчето Расулајн се водеа жестоки судири.

Најпрвин од терористите беше исчистено индустриското маало на влезот на градчето.

Потоа Сириската национална армија (СНА) ја воспостави контролата во центарот, населениот дел, на градчето Расулајн.

Беа симнати симболите (т.н. знамиња) на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Сириската национална армија (СНА) ги започна активностите за пребарување и чистење на теренот.

Министерството за национална одбрана во врска со ваквиот развој објави соопштение на својата сметка на социјалната мрежа Твитер во кое се вели следното: „Со успешно реализираните операции коишто во рамките на операцијата Извор на мирот продолжуваат во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија, е воспоставена контролата во населениот дел на градчето Расулајн, источно од Еуфрат.“

 



Слични вести