Мевлут Чавушоглу напиша статија за американски „Њујорк Тајмс“: Нашата борба е против терористите

Мевлут Чавушоглу во својата статија го истакна следното: „Нашата борба е против терористите. Операцијата е неопходна за нашата национална безбедност и за да се помогне да се вратат назад во своите домови Сиријците кои беа принудени на иселување.“

1286893
Мевлут Чавушоглу напиша статија за американски „Њујорк Тајмс“: Нашата борба е против терористите

Министреот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу напиша статија за американскиот весник „Њујорк Тајмс“ во која преку американската медија ја изнесе реакцијата особено на тоа што во медиумите во Соединетите Американски Држави (САД) се презентира и прикажува погрешно операцијата Извор на мирот којашто ја реализира Турција источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Чавушоглу во својата статија го истакна следното: „Нашата борба е против терористите. Операцијата е неопходна за нашата национална безбедност и за да се помогне да се вратат назад во своите домови Сиријците кои беа принудени на иселување.“

Мевлут Чавушоглу напиша: „Операцијата, ќе ги спаси Сиријците кои живеат таму од тиранијата на терористичките организации и ќе ја елиминира заканата против територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија. Овие два развои, ќе го олеснат безбедното и доброволното враќање назад на Сиријците кои беа принудени на иселување.“

Велејќи дека Турција никако не го прифаќа коридорот до нејзината граница со којшто управува една терористичка група, Чавушоглу потсети дека претходно низа пати беше предложено да се формира безбедна зона.

Мевлут Чавушоглу нагласи дека управата на САД безброј пати беше предупредена да престане да им пружа материјална поддршка на терористите и дека откако не беше остварено тоа Турција беше приморена да премине во акција.

„Би сакал да повторам и да нагласам дека борбата на Турција не е против Курдите. Нашата борба е против терористите. Дефинирањето на состојбата како 'Турците против Курдите' е злонамерно и погрешно. Курдите не се наши непријатели.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го подвлече и тоа дека се фрлаат сите чекори за минимализирање на ризикот кон цивилите и за спречување на евентуалната хуманитарна криза.



Слични вести