Хулуси Акар: Никако не станува збор за гаѓање на американските војници во подрачјето на операцијата

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека никако не станува збор за гаѓање на американските и коалиционите војници во подрачјето на операцијата Извор на мирот којашто се реализира источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија

1286792
Хулуси Акар: Никако не станува збор за гаѓање на американските војници во подрачјето на операцијата

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар синоќа заедно со командантите го посети оперативниот центар на граничната линија каде што направи увид на последната состојба во операцијата Извор на мирот која што продолжува источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Министерот Акар и командантите направија увид на последната состојба на теренот во подрачјето каде што се реализира операцијата Извор на мирот којашто беше започната на 9 октомври против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, во источниот дел на реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Хулуси Акар овде изјави дека во операцијата Извор на мирот никако не станува збор за отворање оган врз американските и коалиционите војници во подрачјето.

Акар во Оперативниот центар на граничната линија ги издаде инструкциите во врска со операцијата и беше информиран од страна на командантите за активностите кои што се реализираат.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командантите до раните утрински часови останаа во Оперативниот центар и оттука ги следеа активностите кои што се реализираат на теренот.

Овде министерот за национална одбрана Хулуси Акар одговори и на тврдењето за отворен оган врз еден набљудувачки пункт на американските војници во подрачјето во врска со што го рече следното: „Апсолутно не станува збор за гаѓање на војниците на САД и коалицијата. Ионака се реализира неопходната координација меѓу нашите штабови и САД.“



Слични вести