Ибрахим Калин: Уцените и заканите никако нема да ја одвратат Турција од нејзината праведна кауза

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин на својата сметка на социјалната мрежа Твитер во врска со операцијата Извор на мирот го напиша следното: „Уцените и заканите никако нема да ја одвратат Турција од нејзината праведна кауза“

1286874
Ибрахим Калин: Уцените и заканите никако нема да ја одвратат Турција од нејзината праведна кауза

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин ги предупреди земјите кои покажуваат реакција против операцијата на Турицја Извор на мирот којашто се реализира истоно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Калин во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер во врска со операцијата го напиша следното: „Уцените и заканите никако нема да ја одвратат Турција од нејзината праведна кауза.“

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин нагласи дека Турција води боорба против терористичките организации, а не против цивилите или Курдите.

Покажувајќи реакција против земјите кои ја осудуваат Турција и се закануваат со санкции, Калин рече: „Во операциите на коалицијата во Рака беа убиени приближно 1.600 до 3.800 цивили, а во Мосул помеѓу 9.000 и 11.000 цивили.“

Ибрахим Калин истакна дека операцијата Извор на мирот со којашто во ист момент се расипани безброј игри во регионот со поддршката на народот ќе продолжи со одлучност и го рече следното: „Иншаллах (со Аллахова помош) победата ќе биде наша.“



Слични вести