Благодарност од ОН до Турција поради нејзините напори по прашањето на бегалците

Заменик генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) задолжен за хуманитарни прашања Марк Лоукок даде изјава за Турската радио и телевизија ТРТ и притоа и се заблагодари на Турција поради нејзините напори по прашањето на бегалците

1286945
Благодарност од ОН до Турција поради нејзините напори по прашањето на бегалците

Заменик генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) задолжен за хуманитарни прашања Марк Лоукок кој ги посети местата на доставување помош на бегалците во градот Килис даде изјава за Турската радио и телевизија ТРТ.

Лаоукок и се заблагодари на Турција поради нејзините напори по прашањето на бегалците.

Марк Лоукок рече: „Турција долго време како презентирајќи многу голема дарежливост и многу големо човештво им помага на луѓето кои беа принудени да се иселат од своите домови. Би сакал да им се заблагодарам на турскиот народ и на турската влада.“

Велејќи дека Турција даде гаранција дека ќе се придржува кон меѓународните договори во операцијата Извор на мирот којашто ја започна против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК источно од реката Еуфрат во Сирија, Лоукок додаде: „Упативме повик за заштита на цивилите и инфраструктурата. Во координација сме со Турција. Турција отворено истакна дека ќе се придржува кон меѓународните договори.“ 

Заменик генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) задолжен за хуманитарни прашања Марк Лоукок воедно привлече внимание и на предупредувањата коишто ги доставува Турција за евентуалната хуманитарна трагедија во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија.

„Доколку дојде до голем напад во Идлиб би можела да се доживее најголемата трагедија на 21-от век. Турција е партнер којшто би можел да се покаже како пример со помошта којашто ја доставува на ОН.“ - рече Лоукок и додаде дека без поддршката на Турција не е можно да се доставува помошта на Обединетите нации (ОН) на Идлиб.



Слични вести