САД и Русија не одобрија осуда на Турција во СБ на ОН поради операцијата Извор на мирот

САД и Русија го искористија своето право на вето во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) и не го одобрија предлогот за осудување на Турција поради операцијата Извор на мирот којашто ја спроведува источно од реката Еуфрат, во Сирија

1285996
САД и Русија не одобрија осуда на Турција во СБ на ОН поради операцијата Извор на мирот

Соединетите Американски Држави (САД) и Русија не го одобрија предлогот за осудување во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) на Турција поради операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) на барање на 5 земји членки на Европската унија (ЕУ) на затворена седница ги разгледа случувањата во североисточниот дел на Сирија и операцијата Извор на мирот којашто ја реализира Турција во подрачјето.

Некои земји предложија со заедничко соопштение на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) да се осуди операцијата на Турција, меѓутоа Соединетите Американски Држави (САД) и Русија не го одобрија овој предлог и ставија вето на истиот.

И двете земји, и САД и Русија, во своите соопштенија не го употребија зборот „осудување“.

 



Слични вести