Продолжува операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат во Сирија

Продолжува операцијата Извор на мирот во источниот дел на реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, која го наполни третиот ден

1286648
Продолжува операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат во Сирија

Додека продолжува операцијата којашто ја реализираат Турските вооружени сили (ТВС или TSK) против терористичките организации, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, со цел да се донесе мир и спокојство во оваа земја и регионот, пристигна уште еднаш жалосна вест од подрачјето на операцијата.

Во близина на населеното место Азез кај градот Алепо, кое претходно беше ослободено со реализираната операција Еуфратски штит, животот го загубија двајца турски војници.

Од населеното место Тел Рифат кое се наоѓа под контрола на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД е реализиран напад со хаубица врз воената база на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) во подрачјето. Во воената база којашто беше погодена од гранати од хаубица беа ранети 6 турски воници.

Ранетите војници со амбулантни возила беа префрлени на лекување во болницата во Килис, веднаш во непосредна близина на границата, во Турција, но и покрај сите напори на лекарите двајца војници им подлегнаа на раните и го загубија животот.

Во меѓувреме, во операцијата Извор на мирот источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, животот го загубија тројца турски војници.

Освен тоа и во реализиран напад со хаубица од областите под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија, врз населеното место Суруч кај градот Шанлиурфа животот го загубија двајца цивили, а двајца се ранети.

Во слични напади има голем број повредени цивили, турски граѓани, и во населеното место Нусајбин кај градот Мардин.

Во рамките на операцијата Извор на мирот во источниот дел на реката Еуфрат досега се исчистени од терористите и ослободени 13 села во околината на населените места Тел Абјад и Расулајн.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со командниот кадар во зградата на Министерството направи проценка на операцијата која денеска влезе во третиот ден.

Нагласувајќи дека операцијата продолжува да се реализира успешно според планираното, Акар рече. „Досега се наутрализирани 342 терористи.“



Слични вести