Претседателот Ердоган го прими генералниот Секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Приоритетен наслов на дневниот ред на приемот беше операцијата Извор на мирот којашто ја реализира Турција против терористичките организации, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија

1286541
Претседателот Ердоган го прими генералниот Секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во канцеларијата на претседателската власт во сарајот Долмабахче во Истанбул го прими генералниот Секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој престојува во официјална посета на Турција.

Приемот беше затворен за медиумите и траеше приближно еден час.

Приоритетен наслов на дневниот ред на приемот беше операцијата Извор на мирот којашто ја реализира Турција против терористичките организации во северниот дел на Сирија, со цел  да се уништи терористичкиот коридор за којшто се водат обиди да се формира на нејзината јужна граница и да се донесе мир и спокојство во регионот. 

Како што се истакнува, претседателот Ердоган му ја појаснил на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг целта на операцијата и рекол дека цел на операцијата се само терористите.

На приемот, присуствуваа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар и претседателот на турската делегација во Парламентарната Асамблеја на НАТО (НАТО ПА) Осман Ашик Бак.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оствари одделна средба и со министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

На средбата беа разменети мислења во однос на одбранбени и безбедносни прашања.



Слични вести