Потпретседателот Октај: Турција не води борба против Курдите, туку против терористите на ПКК/ЈПГ

Потпретседателот Фуат Октај изјави за „ТРТ Ворлд“ („TRT Wolrd“) дека Турција не води борба против Курдите, туку против терористите на ПКК/ЈПГ и дека светот треба да ги држи одделно терористичките организации и Курдите

1286236
Потпретседателот Октај: Турција не води борба против Курдите, туку против терористите на ПКК/ЈПГ

Потпретседателот Фуат Октај во програмата на телевизискиот канал на Турската радио и телевизија ТРТ „ТРТ Ворлд“ одговараше на прашањата во врска со операцијата Извор на мирот.

Октај истакна дека светот треба да ги држи одделно терористичките организации и Курдите.

Подвлекувајќи дека Турција не води борба против Курдите, Фуат Октај рече: „Ние водиме борба против терористичката организација ПКК/ЈПГ. Светот треба да ги оддели една од друга терористичките организации и Курдите. Во Турција, Турците, Курдите, Арапите живеат заедно. Меѓутоа, нема да дозволиме ниту една терористичка органзиација или земја да претставува закана за нас. Тоа се однесува и на ДЕАШ.“

Октај нагласи дека операцијата на Турција Извор на мирот не претставува операција за окупација, Октај рече: „Ние се обидуваме овде, ова подрачје да го доведеме во стабилно подрачје, за да би се вратиле цивилите на своите територии. Тоа се однесува и на сириските Курди.“ 

Потсетувајќи на тоа дека Турција низа пати рече дека нема да дозволи да се формира терористички коридор, терористичка држава, на нејзиниот јужен дел, Фуат Октај информира дека операцијата ќе продолжи се додека да се исчисти подрачјето од терористите.“

Тој рече дека една друга значајна цел на операцијата е да се „формира на безбедна зона“ и напомена дека благодарение на тоа приближно 4 милиони Сиријци во Турција ќе можат да се вратат доброволно на своите територии.

Октај привлече внимание дека Турција води грижа за да не дојде до цивилни загуби и дека од почетокот на операцијата досега не го загуби животот ниту еден цивил од сириска страна, а воедно го додаде и следното: „Меѓутоа, на страната на Турција се реализирани стотици напади со минофрлачи и топови хаубици. Во овие напади загинаа 6 цивили, од кои едно 9 месечно бебе. Целиот свет треба да ја види оваа разлика.“

Потпретседателот Фуат Октај исто така нагласи дека ниту една земја нема да се дозволи да постои една терористичка организација до нејзините граници, како и да им се наштетува на нејзините граѓани со нападите на оваа организација, и дека тоа нема да го дозволи и Турција.



Слични вести