Поддршка од Пакистан на операцијата на Турција Извор на мирот, во Сирија

Пакистанскиот премиер Имран Хан во остварениот телефонски разговор со претседателот Ердоган ја достави поддршката на неговата земја на операцијата на Турција Извор на мирот, во Сирија

1286650
Поддршка од Пакистан на операцијата на Турција Извор на мирот, во Сирија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со пакистанскиот премиер Имран Хан. 

Во разговорот Имран Хан ја достави до претседателот Ердоган поддршката на Пакистан на операцијата Извор на мирот којашто ја започнаа Турските вооружени сили (ТВС или TSK) заедно со Сириската национална армија (СНА) против терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ на северот на Сирија, а со цел да се уништи терористичкиот коридор за кој се водат обиди да се формира до јужната граница на Турција и да се донесе мир и спокојство во регионот.

Според објавеното соопштение од канцеларијата на пакистанскиот премиер, во телефонскиот разговор помеѓу премиерот Имран Хан и претседателот Ердоган е изнесено тоа дека од страна на Пакистан се разбираат грижите на Турција во врска со обидите за формирање терористички коридор. 

Во соопштението се вели следното: "Пакистан исто како и секогаш стои зад Турција и целосно ја поддржува Турција. Ги поддржуваме чекорите коишто ги фрла Турција за безбедноста, регионалната стабилност и мирољубиво решение во Сирија, се молиме за да биде успешна."

Се истакнува и тоа дека пакистанскиот премиер Имран Хан во телефонскиот разговор рекол дека со нестрпливост ја чека посетата којашто претседателот Ердоган планира да ја оствари на Пакистан. 

Во телефонскиот разговор воедно беа разгледани и билатералните односи и регионални прашања.

Од друга страна, и пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши во дадената изјава во градот Мултан во врска со операцијата на Турција Извор на мирот рече: "Пакистан и Турција се две пријателски земји кои се поддржуваат взаемно во тешки времиња. Ние сме во контакт со Турција и ги почитуваме нивните погледи по прашањето на Сирија.



Слични вести