МНР: Турција нема за цел да ја промени демографијата во подрачјето на операцијата Извор на мирот

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворшени работи се вели следното „Турција нема одредена цел како што е промена на демографијата во подрачјето на операцијата“

1286522
МНР: Турција нема за цел да ја промени демографијата во подрачјето на операцијата Извор на мирот

Турција соопшти дека операцијата Извор на мирот којашто ја започна против терористичките организации во северниот дел на Сирија, со цел да ја уништи на терористичкиот коридор за којшто се водат обиди да се формира на нејзината јужна граница и да донесе мир и спокојство во регионот, нема да цел да ја промени демографската структура.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворшени работи се нагласува дека цел на операцијата се елементите на ПЈД/ЈПГ, сирискиот огранок на ПКК која од страна на Европската унија и НАТО се признава за терористичка организација.

Во соопштението се подвлекува дека земјите кои бегаат од примање назад на странските терористички борци кои се нивни државјани, немаат право да и одржуваат лекција на Турција во борбата против ДЕАШ.

„Турција нема одредена цел како што е промена на демографијата во подрачјето на операцијата. Неоснованите обвинувања насочени против Турција по ова прашање од страна на земјите и средините кои затскриено или отворено даваат поддршка на сепаратистичката агенда на терористичката организација ПЈД/ЈПГ, претставува одраз на реакцијата којашто призлегува од расипувањето на плановите со кои се има за цел да се подели Сирија. Тврдењето дека операцијата Извор на мирот ќе им наштети на напорите за политичко решение во Сирија се далеку од реалност.“ - стои во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Освен тоа, Министерството за надворешни работи остро ги осуди и изјавите на еден функционер на Обединетите нации (ОН) со кои се воспоставува врска помеѓу безбедната зона којашто ќе се формира во Сирија и геноцидот во Сребреница.



Слични вести