Министерот Хулуси Акар: Во операцијата Извор на мирот досега се неутрализирани 342 терористи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар информира дека во операцијата Извор на мирот досега се неутрализирани 342 терористи и дека операцијата продолжува да се реализира успешно според планираното

1286366
Министерот Хулуси Акар: Во операцијата Извор на мирот досега се неутрализирани 342 терористи
hulusi akar baris pinari.jpg
hulusi akar baris pinari1.jpg

Бројот на неутрализираните терористи во операцијата Извор на мирот којашто ја реализираат Турските вооружени сили (ТВС или TSK), источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, со цел да се донесат мир и спокојство за оваа земја и регионот, се зголеми на 342.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со командниот кадар во зградата на Министерството направи проценка на операцијата која денеска влезе во третиот ден

Нагласувајќи дека операцијата продолжува да се реализира успешно според планираното, Акар рече. „Досега се наутрализирани 342 терористи.“

Министерот Хулуси Акар велејќи „Со Аллахова помош (Иншаллах) активноста која што ја започнавме ќе ја завршиме со исправено чело“, подвлече дека не станува збор за пуштање на слобода на терористите членови на ДЕАШ кои се наоѓаат во затвор во подрачјето на операцијата.

Акар напомена дека се преземени сите видови превентивни мерки во подрачјето на операцијата и рече: „Имаме за цел ставиме крај на присуството на терористичките организации источно од Еуфрат, а пред се на ДЕАШ, ПКК/ПЈД-ЈПГ и со воспоставување на мировен коридор овде да обезбедиме нашите сириски браќа во нашата земја да се вратат на своите територии, во своите домови.“

Привлекувајќи внимание дека Турција е единствената земја на НАТО и коалицијата која води борба гради в гради против ДЕАШ, министерот за национална одбрана Хулуси Акар го додаде следното: „Јуначките Турски вооружени сили со операцијата Еуфратски штит неутрализираа повеќе од 3 илјади терористи на ДЕАШ. Не само на безбедноста на нашата земја и на нашиот народ, ние истовремено им придаваме мошне големо значење на безбедноста и на другите верски и етнички групи кои живеат во регионот како што се Курдите, Арапите, Асирците, Христијаните и Езидите и Келданите.“



Слични вести