Зигмар Габриел: Турција никако нема да дозволи да се формира терористичка држава на нејзината граница

Поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел истакна дека Турција нема да дозволи да се формира терористичка држава на нејзината граница и рече: „Турција, никако нема да дозволи ПКК/ЈПГ да ја исполни сегашната празнина во моќта“

1285332
Зигмар Габриел: Турција никако нема да дозволи да се формира терористичка држава на нејзината граница

Поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел во дадената изјава за весникот „Билд“ потсети дека предлогот на Турција за формирање зона на забранети летови над Сирија беше одбиен од страна на Европската унија (ЕУ) и додаде дека тоа претставуваше грешка.

Габриел истакна дека Турција нема да дозволи да се формира терористичка држава на нејзината граница и рече: „Турција, никако нема да дозволи ПКК/ЈПГ да ја исполни сегашната празнина во моќта.“

„Зоната на забранети летови над Сирија за којашто предложи да се формира Турција со цел да се спречи Асад да го бомбардира сопствениот народ, наиде на вето од страна на Европската унија (ЕУ), вклучувајќи ја и Германија. Кога ќе погледнам на назад тоа беше грешка. Тогаш сите мислеа вака: Немој да дојде до втор Авганистан. На крај поради бегалскиот бран повторно се соочивме со една граѓанска војна. “ - рече поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел.

Тој воедно напомена дека грешките во врска со случувањата во Сирија почнаа да се прават во времето на поранешниот американски претседател Барак Обама.

Зигмар Габриел ја изнесе следната констатација: „Поранешниот претседател на САД сакаше да ги повлече американските единици и за да исполни празнината што ќе се појави работеше заедно со ЈПГ. Секако и покрај сите негови демантирања, знаеше дека сириското крило на ПКК ќе го контролира североисточниот дел на Сирија.“

Велејќи дека Турција нема да дозволи да се формира терористичка држава на нејзината граница, поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел рече: „Сите страни знаеја јасно дека Турција никако нема да дозволи да се формира терористичка држава на нејзината граница со Сирија. Турција никако нема да дозволи ПКК/ЈПГ да ја исполни сегашната празнина во моќта. Поради тоа турската војска влезе во Африн.“



Слични вести