Во воздушни операции на северот на Ирак и во операција кај градот Ван се неутрализирани 5 терористи

Во реализирани прекугранични воздушни операции на областите Зап и Гара во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи, а во операција кај градот Ван внатре во земјата се неутрализирани двајца терористи на ПКК

1285177
Во воздушни операции на северот на Ирак и во операција кај градот Ван се неутрализирани 5 терористи

Во реализирани прекугранични воздушни операции на областите Зап и Гара во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, координирано со операцијата „Шепа“ (Pençe“) која што продолжува во северниот дел на Ирак се реализирани воздушни операции на областите Зап и Гара во подрачјето.

Во операциите се неутрализирани тројца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Од друга страна, според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во рамките на операциите за воспоставување на внатрешната безбедност од страна на командата на градската жандармерија и градската полициска управа во градот Ван е реализирана операција во руралното подрачје на населеното место Ѓурпинар.

Во оваа операција се неутрализирани двајца терористи.



Слични вести