Турција води интензивна телефонска дипломатија во врска со операцијата Извор на мирот во Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу продолжува да води интензивна телефонска дипломатија во чии рамки ги информира своите колеги од голем број земји во врска со операцијата Извор на мирот источно од реката Еуфрат, во Сирија

1285505
Турција води интензивна телефонска дипломатија во врска со операцијата Извор на мирот во Сирија

Турција ја продолжува својата интензивна дипломатија во врска со операцијата Извор на мирот којашто ја започна вчера против терористичките цели источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Во тие рамки, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу продолжува да води засилена телефонска дипломатија со своите колеги од голем број земји.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу досега оствари телефонски разговори со британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб, американскиот   државен секретар Мајк Помпео, германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и со иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф.

Не беа споделени детални информации во врска со сиве остварени телефонски разговори.

Како што се дознава, Чавушоглу ги информирал своите колеги во врска со операцијата Извор на мирот којашто ја започна вчера Турција против терористичките цели на својата јужна граница, во источниот дел на реката Еуфрат, во Сирија.



Слични вести