Терористите на ЈПГ/ПКК од сириска страна истрелаа гранати врз пограничните населени места на Турција

Гранати од хаубици и рачни фрлачи истрелани од страна на терористите на ЈПГ/ПКК од сириска страна на границата, вчера од 16:00 часот кога започна операцијата почнаа да паѓаат во Акчакале, Биреџик и Џејланпинар кај Шанлиурфа и Нусајбин кај Мардин

1285905
Терористите на ЈПГ/ПКК од сириска страна истрелаа гранати врз пограничните населени места на Турција

Гранати од хаубици и ракетни фрлачи истрелани од страна на терористите на ЈПГ/ПКК источно од реката Еуфрат, во северниот дел на Сирија од областите коишто ги држат под окупација, паднаа на неколку места во Акчакале, Биреџик и Џејланпинар кај градот Шанлиурфа и Нусајбин кај градот Мардин на територијата на Турција, при што се ранети 16 лица.

Продолжува операцијата Извор на мирот којашто е започната од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и Сириската национална армија (СНА) против терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ во северниот дел на Сирија, а со цел да се уништи терористичкиот коридор за кој се водат обиди да се формира на јужната граница на Турција и да се донесе мир и спокојство во регионот.

Гранати од хаубици и рачни фрлачи истрелани од страна на терористите на ЈПГ/ПКК од областите коишто ги држат под окупација, вчера од 16:00 часот по турско време кога започна операцијата почнаа да паѓаат во населените места Акчакале, Биреџик и Џејланпинар кај градот Шанлиурфа и населеното место Нусајбин кај градот Мардин.

Во овие напади врз територијата на Турција се ранети 16 цивили од кои 5 мина во Нусајбин, 6 мина од кои 2 деца во Џејланпинар, 2 лица од кои едно дете во Биреџик и 3 лица во Акчакале.

12 од ранетите лица се префрлени на лекување во болници.

По овие напади на терористите на ЈПГ/ПКК врз областите каде што се наоѓаат терористичките елементи беше отворен жесток оган со хаубици од страна на турските единици.



Слични вести