Терористите на ЈПГ/ПКК од Сирија реализираат напади врз населените места во близина на границата на териториите на Турција

Терористите на ЈПГ/ПКК од областите коишто ги држат под окупација во Сирија реализираат напади со хаубици и минофрлачи врз населените места во близина на границата, на териториите на Турција

1285954
Терористите на ЈПГ/ПКК од Сирија реализираат напади врз населените места во близина на границата на териториите на Турција

Во нападите кои што се реализираат со гранатирање со хаубици и минофрлачи од страна на терористите ЈПГ/ПКК од областите коишто ги држат под окупација врз населените места во близина на границата на териториите на Турција, животот го загубија 2 лица од кои едно бебе, а 46 лица се ранети.

Во објавеното писмено соопштение од губернијата на градот Шанлиурфа се потсетува дека истреланите гранати со хаубици и минофрлачи од сириска страна на границата паднаа во населените места Акчакале и Џејланпинар.

Во соопштението се вели дека во нападите животот го загубија 2 лица од кои едно 9 годишно бебе од сириско државјанство и еден службеник, додека во експлозиите од паднати гранати од хаубици и минофрлачи се ранети 46 турски граѓани.

Како што се истакнува ранетите лица се префрлени на лекување во болници. 

Гранати од хаубици и минофрлачи истрелани од страна на терористите на ЈПГ/ПКК од областите источно од реката Еуфрат во Сирија коишто ги држат под окупација, паднаа и во населеното место Биреџик кај градот Шанлиурфа и населеното место Нисајбин кај градот Мардин.

Во нападите во Нусајбин беа ранети 5 лица, а во Биреџик 2 лица од кои едно дете. 

Ранетите се префрлени на лекување во болници.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: "Беа утврдени позициите на терористите на ЈПГ/ПКК кои ги реализираа нападите врз невините цивили во Акчакале и беа уништени со артилериски оган."



Слични вести