Столтенберг за операцијата Извор на мирот во Сирија: Турција има легитимни безбедносни грижи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека Турција има легитимни безбедносни грижи на својата јужна граница и рече дека верува оти ќе биде умерена и своите активности ќе ги спроведува воздржано и контролирано

1285259
Столтенберг за операцијата Извор на мирот во Сирија: Турција има легитимни безбедносни грижи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по остварената средба со италијанскиот премиер Џузепе Конте во Рим, одржа прес конференција на која истакна дека Турција го информираше НАТО во врска со операцијата Извор на мирот којашто беше започната со цел да се уништи териористичкиот коридор за кој се водат обиди да се формира на нејзината јужна граница и да се воспостави мирот и спокојството во регионот.

Столтенберг истакна дека Турција има легитимни безбедносни грижи на својата јужна граница.

Велејќи дека верува оти Турција ќе биде умерена и своите активности ќе ги спроведува воздржано и контролирано, Столтенберг рече: „Турција има легитимни безбедносни грижи. Беше подложена на страотни терористички напади.“

Тој воедно привлече внимание дека Турција истовремено е домаќин на голем број на бегалци.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во врска со операцијата Извор на мирот ја изнесе следната констатација: „Верувам дека Турција ќе се однесува воздржано и нејзините активности ќе бидат пропорционални, контролирани и умерени.“

Столтенберг исто така напомена дека утре (во петок) ќе допатува во официјална посета на Турција каде што ќе се состане со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести