Поддржувачите на терористичката ЈПГ/ПКК со манипулација и дезинформација на социјалните медиуми

Фотографии сликани за време на граѓанската војна во Сирија од различни области и места и со различни датуми, од страна на поддржувачите на терористичката организација ЈПГ/ПКК се споделуваат како да се направени за време на операцијата Извор на мирот

1285775
Поддржувачите на терористичката ЈПГ/ПКК со манипулација и дезинформација на социјалните медиуми

Со започнувањето на операцијата Извор на мирот чија цел е да се уништи терористичкиот коридор за којшто се водат обиди да се формира на јужната граница со Турција и да се донесе мир и спокојство во регионот, сметките на социјалните медиуми блиски до терористичката организација ЈПГ/ПКК веднаш ги интензивираа иницијативите за манипулација и дезинформација.

Фотографии кои што биле снимени за време на граѓанската војна во Сирија од различни области и места и со различни датуми, се споделуваат како да се од операцијата Извор на мирот и со тоа се обидуваат да доведат до манипулација и дезинформација во социјалните медиуми.

Така сметки (профили) блиски до терористичката организација една сликана фотографија од граѓанската војна во Сирија во 2014 година на којашто една мајка ги прегрнува своите деца, се обидуваат да ја прикажат како да е од операцијата Извор на мирот. 

Исто така, една друга фотографија сликана во здравствен центар со деца погодени од воздушните напади во градот Идлиб во Сирија во јули, од страна на сметките блиски до терористичката организација се споделува со искривоколчување, односно дезинформација со наслов „Последни фотографии од нападот на Турската армија“.

Друга фотографија со датум од август 2016 година, повторно од Идлиб, на која се гледа како едно дете со раскрварено лице поради руските воздушни напади, пред меѓународната заедница се прикажува и манипулира како да е сликана за време на операцијата Извор на мирот и тоа со титл на англиски јазик.

Фотографија со датум од мај 2014 година сликана во градот Алепо на којашто се гледа како еден Сириец го носи во своите раце своето мртво дете, со цел ширење на дезинформација на социјалните медиуми беше прикажана дека е сликана за време на операцијата Извор на мирот.

Инаку, поддржувачите на терористичката организација ЈПГ/ПКК и за време на операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче на ист начин користеа фотографии од војни и масакри од целиот свет, а со цел ширење на манипулација и дезинформација на социјалните медиуми. (Anadolu Agency-AA)



Слични вести