Ослободени и исчистени од терористите првите села во Тел Абјад и Расулајн на северот на Сирија

Во рамките на операцијата Извор на мирот којашто се реализира источно од реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија едно по едно се чистат и ослободуваат од терористите селата во близина на населените места Тел Абјад и Расулајн во подрачјето

1285949
Ослободени и исчистени од терористите првите села во Тел Абјад и Расулајн на северот на Сирија

Во операцијата Извор на мирот којашто ја започнаа Турските вооружени сили (ТВС или TSK) заедно и со Сириската национална армија (СНА) источно од реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија, а со цел уништување на терористичкиот коридор за кој се водат обиди да се формира и да се донесе мир и спокојство во регионот, досега се исчистени и ослободени од терористите на ЈПГ/ПКК 11 села во подрачјата на населените места Тел Абјад и Расулајн. 

Првите две села кои беа ослободени беа селата Ел Јабсе и Тел Фандер во западниот дел на Тел Абјад. 

Потоа во рамките на операцијата беа исчистени од терористите уште 3 села и тоа Мушејрфе и Дедат кај Тел Абјад и селото Кишто кај Расулајн.

Потоа пак, беа исчистени и ослободени од терористите уште две села, Бир Ашик и Хамидије во источниот дел на Тел Абјад, како и селото Долно Кишто кај Расулајн. 

Според последни добиени информации, во операцијата Извор на мирот се ослободени од терористите уште 3 села кај Тел Абјад и тоа, Берзан, Џудејде и Гисас.

Единиците на Сириската национална армија (СНА) во овие досега ослободени и исчистени 11 села од терористите реализираат активности за пребарување и ги преземаат неопходните безбедносни мерки.

 



Слични вести