Хулуси Акар: Турските војници ќе бидат покрај народот, а против терористите во Сирија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека турските војници ќе бидат покрај народот, а против терористите во Сирија

1285129
Хулуси Акар: Турските војници ќе бидат покрај народот, а против терористите во Сирија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар даде изјава по Координациониот состанок на операцијата Извор на мирот што се одржа синоќа под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, посветен на започнатата операција Извор на мирот од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) во источниот дел на реката Еуфрат, во Сирија. 

Министерот Акар истакна дека турските војници ќе бидат покрај народот, а против терористите во Сирија.

Нагласувајќи дека исто како и досега, и во операцијата Извор на мирот нема да се посегне и ќе бидат заштитени невиното цивилно население, историските објекти и дела, и културните и верските објекти, Акар рече: „Им придаваме мошне големо значење не само на безбедноста на нашата земја и на нашиот народ, туку и на другите верски и етнички групи кои живеат во нашиот регион.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар напомена дека безбедната зона за којашто се планира да се формира на турско-сириската граница ќе претставува најлогично и хуманитарно решение за враќање на бегалците во своите домови, а воедно го додаде и следното: „Никако не прифаќаме терористички коридор на нашата граница (со Сирија) во должина од 911 километри.“



Слични вести