Турските војници го започнаа и копнениот дел од операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат

Се премина и кон копнениот дел на операцијата Извор на мирот којашто ја започнаа Турските вооружени сили (ТВС или TSK) против терористичките организации ПКК/ПЈД и ДЕАШ во североисточниот дел на Сирија

1285099
Турските војници го започнаа и копнениот дел од операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат
Barış Pınarı Harekatı Kara Birlikleri.jpg
barış pınarı, kara.jpg

Турските војници влегоа во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија за воспоставување на мирот и спокојството во оваа земја и подрачјето.

Во објавеното соопштение од Министерство за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Нашите јуначки командоси кои учествуваат во операцијата Извор на мирот продолжуваат да напредуваат во источниот дел на Еуфрат.“

Во споделената објава исто така е споделена и видео снимка снимена со камера за ноќно снимање на која се гледа како турските командоси напредуваат на теренот.

Во меѓувреме, и Сириската национална армија (СНА) влезе во источниот дел на реката Еуфрат.

Единиците на Сириската национална армија (СНА) ги поддржуваат Турските вооружени сили (ТВС или TSK).

Во тие рамки, Сириската национална армија (СНА) ги исчисти од терористите селата Ел Јабсе, Тел Фандер, Мушејрфе, Дедат, Бир Ашик и Хамидије во западниот дел на населеното место Тел Абјад и селото Кишто во населеното место Расулајн.

По жестоките бомбардирања од воздух, од страна на турските воени авиони и артилеријата и топовските единици, синоќа се премина и кон копнениот дел на операцијата Извор на мирот којашто ја започнаа Турските вооружени сили (ТВС или TSK) против терористичките организации ПКК/ПЈД и ДЕАШ во североисточниот дел на Сирија.

Турските копнени единици ја преминаа границата од три одделни места и почнаа да водат борба против терористите кои го држат под окупација подрачјето источно од реката Еуфрат. 

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана беше истакнато следното: „Нашите јуначки Турски вооружени сили и Сириската национална армија, во рамките на операцијата Извор на мирот ја започнаа копнената операција во источниот дел на реката Еуфрат.“

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган почетокот на операцијата од страна на воздушните и артилериските елементи го соопшти во 16:00 часот со споделеното соопштение на социјалната мрежа Твитер „Турските вооружени сили ја започнаа операцијата Извор на мирот против терористичките организации ПКК/ЈПГ, во северниот дел на Сирија.“ 

Потоа турските џетови влегоа до приближно 30 километри на југ на територијата на Сирија и ги уништија терористичките цели.



Слични вести