Турски воени авиони уништија цели на терористичката ЈПГ/ПКК источно од реката Еуфрат во Сирија

Турските воени авиони се спуштија дури до приближно 30 километри преку границата, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, подрачје кое се наоѓа под окупација на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК

1285061
Турски воени авиони уништија цели на терористичката ЈПГ/ПКК источно од реката Еуфрат во Сирија

Турски воени авиони, во рамките на операцијата Извор на мирот којашто ја започна Турција денеска, уништија цели на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Турските воени авиони се спуштија дури до приближно 30 километри преку границата, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, подрачје кое се наоѓа под окупација на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Целите на терористичката организација во селата во подрачјето, беа бомбардирани од страна на турските воени авиони.

Воедно и турските топовски единици на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) ги бомбардираат со хаубици позициите на терористичката ЈПГ/ПКК во населеното место Тел Абјад на сириска територија, веднаш наспроти населеното место Акчакале кај градот Шанлиурфа, на турска страна од границата.

Во меѓувреме, под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се одржа „Координационен состанок на операцијата Извор на мирот“.

На состанокот беше поставена на маса и анализирана со сите нејзини поединости операцијата Извор на мирот.

Министерството за национална одбрана исто така објави соопштение во кое се истакнува дека единствена цел на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, се терористите.

„Исто како и во претходните операции, Еуфратски штит и Маслиново гранче, и во операцијата Извор на мирот единствена цел се терористите.“ - стои во соопштението на Министерството за национална одбрана.

Во соопштението исто така се неведува дека операцијата се спроведува во согласност со меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) во врска со борбата против тероризмот.

 

 



Слични вести