Статија во „Вол Стрит Џорнал“ со критика против соработката на САД со терористичката ЈПГ/ПКК во Сирија

Во американскиот весник „Вол Стрит Џорнал“ е објавена статија во која се критикува соработката на САД со сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија

1284751
Статија во „Вол Стрит Џорнал“ со критика против соработката на САД со терористичката ЈПГ/ПКК во Сирија

Во една статија објавена во американскиот весник „Волс Стрит Џорнал“ се истакнува дека тоа што реакцијата на официјална Анкара против наоружувањето на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК се коментира како настроеност против Курдите, претставува неинформираност и неупатеност по ова прашање.

Искусниот експерт за Блискиот исток при Институтот Хадсон Мајкл Дориан и професорот на Универзитетот Принстон во САД Мајкл Рејнолдс напишаа статија за американскиот весник „Вол Стрит Џорнал“ чиј наслов гласи „Турција има легитимни поплаки од САД“.

Во статијата се укажува на тоа дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на американските војници од северниот дел на Сирија, од подрачјето каде што Турција планира да реализира операција е дочекана со реакција од страна на голем број политичари и тинг-тенг институции во Вашингтон, а воедно се вели следното: „Меѓутоа, лицата кои ги изнесуваат овие критики, ги изоставуваат од вид вистините.“ 

Во статијата се нагласува дека претседателот Трамп е во право во повлекувањето на поддршката од ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија и се споделува следната информација: „ЈПГ располага со основни врски со ПКК и тоа во истакна во неговата даде изјава во Конгресот во 2016 година тогашниот секретар за одбрана Ештон Картер.“ 

Во објавената статија во американскиот весник „Вол Стрит Џорнал“ се додава и следното: „САД, наместо да работата со Турција, избраа да ја поддржат ЈПГ, сириското крило на ПКК. Турксиот народ оваа организација ја смета за одговорна за војната којашто продолжува долги години и за смртта на десетици илјади лица. ПКК, претставува голема закана за Република Турција и Турците од секоја политичка лепеза ја мразат оваа организација. Реакцијата на Анкара против наоружувањето на ЈПГ/ПКК да се коментира како настроеност против Курдите, претставува неинформираност и неупатеност. Тоа личи на тоа, да се коментира како исламофобична борбата против Ал Каеда.“



Слични вести