Собранието на Турција го усвои документот за овластување за прекугранични операции во Ирак и Сирија

Документот за овластување на Турските  вооружени сили (ТВС или TSK) за реализација на прекугранични операции во Сирија и Ирак беше изгласан во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) со продолжување на неговиот мандат до 30 октомври 2020 година

1284278
Собранието на Турција го усвои документот за овластување за прекугранични операции во Ирак и Сирија

Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) го продолжи за уште една година документот за овластување на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) за реализација на прекугранични операции во Сирија и Ирак. 

Документот на претседателската управа беше изгласан на гласањето на седницата на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ). 

На тој начин документот за овластување чиј рок истекуваше на 30 октомври 2019 година, е продолжен за уште една година, до 30 октомври 2020 година. 

Со усвоениот документ се предвидува овластување на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) за реализација на прекугранични операции во Ирак и Сирија, а во рамките на борбата против терористичките елементи во Ирак и Сирија.

Документот за овластување беше усвоен со гласовите на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата), главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП), Партијата за национално движење (МХП) и Партијата ИЈИ.



Слични вести