Рухани: Турција располага со секакво право во однос на својата јужна граница

Според веста на иранската новинска агенција „ИРНА“, иранскиот претседател Хасан Рухани истакна дека Турција располага со секакво право во однос на својата јужна граница

1284725
Рухани: Турција располага со секакво право во однос на својата јужна граница

Додека продолжуваат подготовките на Турција за реализација на операција против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК која продолжува да го држи под окупација источниот дел на реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија, изјава по ова прашање пристигна и од иранскиот претседател Хасан Рухани.

Рухани истакна дека Турција располага со секакво право во однос на своите грижи на јужната граница.

Оваа изјава на иранскиот претседател Хасан Рухани е објавена од страна на иранската новинска агенција „ИРНА“.

„Турција располага со секакво право во однос на својата јужна граница.“ - рече Рухани.



Слични вести