Претседателот Ердоган: Турските вооружени сили ја започнаа операцијата Извор на мирот

Започнувањето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија, е соопштена од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својата сметка на социјалната мрежа Твитер

1284936
Претседателот Ердоган: Турските вооружени сили ја започнаа операцијата Извор на мирот
cumhurbaskani erdogan.jpg
Barış pınarı
baris pinari harekati.jpg
baris pinari harekati1.jpg

Турските вооружени сили (ТВС или TSK) ја започнаа операцијата Извор на мирот против терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ, во северниот дел на Сирија.

Започнувањето на операцијата е соопштено од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на неговата сметка на социјалната мрежа Твитер, на турски, англиски и арапски јазик.

Претседателот Ердоган напиша: „Нашите Турски вооружени сили заедно со Сириската национална армија ја започнаа операцијата Извор на мирот (#BarışPınarıHarekatı) против терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ, во северниот дел на Сирија.“

Нагласувајќи дека се има за цел да се уништи терористичкиот коридор за којшто се водат обиди да се формира на југот на границата на Турција и да се донесе мир и спокојство во регионот, Ердоган го истакна следното: „Со операцијата Извор на мирот ќе ја елиминираме терористичката закана против нашата земја.“ 

Тој во својата порака исто така напомена дека благодарение на безбедната зона којашто ќе се формира со операцијата, ќе им се овозможи на сириските бегалци да се вратат назад во својата земја и го напиша следното: „Со операцијата Извор на мирот ќе го одбраниме територијалниот интегритет на Сирија и ќе го спасиме народот во целиот регион од канџата на тероризмот.“ 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно им посака успех на јуначките турски војници „Мехметчик“ на задача во операцијата и локалните елементи кои ги поддржуваат.

Инаку, пред претседателот Ердоган да го соопшти почетокот на операцијата, пристигнаа вести во врска со тоа дека почнаа да се издигнуваат облаци од чад  и да се слушаат експлозии од населеното место Расулајн кое се наоѓа под окупација на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги побара по телефон и ги информираше во врска со започнувањето на операцијата Извор на мирот и претседателот на главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу, претседателот на Партијата за национално движење (МХП) Девлет Бахчели и претседателката на Партијата ИЈИ Мерал Акшенер. 

- Операцијата Извор на мирот

Во рамките на операцијата Извор на мирот се гаѓаат со хаубици терористичките цели во Тел Абјад, во источниот дел на реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Се гледа како од некои области на Ресулајн од подрачјето, веднаш наспроти населеното место Џејланпинар на турската страна од границата, се издигнуваат облаци од чад.

Освен тоа на границата со Сирија се забележуваат и воени авиони кои летаат во подрачјето.

Во меѓувреме, од една област во Ресулајн под окупација на сепаратистичко-терористичката органзиација ЈПГ/ПКК беа истрелани гранати врз населеното место Џејланпинар на турската страна од границата.

Во нападот нема загинати или ранети.

Во објавеното соопштение на интернет страницата на Министерството за национална одбрана исто така беше информирано за тоа дека е започната операцијата Извор на мирот и беше истакнато следното: „Во 16:00 часот е започната операцијата Извор на мирот со цел да се воспостави безбедноста на нашите граници, да се спречи формирањето на терористички коридор јужно од нашите граници, да се неутрализираат терористичките организации и терористите пред се  ДЕАШ и ПКК/КЏК/ПЈД/ЈПГ кои претставуваат закана за нашата национална безбедност, да се обезбедат погодни услови за враќање во своите домови и на своите територии Сиријците кои беа приморени да се иселат.“ 

Министерството исто така соопшти дека САД, Русија, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, потоа НАТО и генералниот секретаријат на Обединетите нации (ОН) почнувајќи од 14:00 часот биле информирани во врска со опеарцијата.

Во врска со операцијата Извор на мирот се водат интензивни активности и во Министерството за надворешни работи на Турција.

Во објавеното соопштение од МНР се истакнува дека во министерството биле поканети амбасадорите на земјите членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН), САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција, кои овде биле информирани во врска со операцијата.



Слични вести